ЗА НАС
Приказната на PERIOD Skopje започна во 2020 година. Но, приказната на PERIOD. Movement е многу подолга!
Приказната на PERIOD. Movement започнува во 2016, со основање на непрофитна организација која е предводена од млади во САД. Основачката на PERIOD ја увидела состојбата и начинот на кој бездомните жени во САД управуваат со сопствената со менструацијата односно со користење картони, хартија, стара облека наместо соодветни менструални производи.
Денес PERIOD. Movement има стотици поглавја како низ САД, така и во меѓународни рамки. Целта на поглавјата е да се децентрализира работата на организацијата и сите информации за менструалната сиромаштија и стигма да бидат попристапни.
Целите на иницијативата се преточени во 3 столба
Сервиси
Една од најважните цели на нашата работа е доставата и обезбедувањето на бесплатни менструални производи до лица кои им се потребни. Ова го имаме направено неколкупати до сега, благодарение на грантови и наши партнери, односно имаме донирано над 250 менструални пакетчиња кои содржат менструални и хигиенски производи. Се стремиме кон тоа да создадеме фондови за прибирање средства, да воспоставиме врски со партнери за локални услуги и други непрофитни активности кои дистрибуираат производи, со цел да ги исполнат потребите на нивните заедници.
Образование
клучна алатка за борба против менструалната сиромаштија и стигмата е образованието. Со ширење на точни информации за менструалното здравје, ние можеме да ги срушиме митовите, да ги охрабриме луѓето да зборуваат за своите искуства со менструацијата и да им помогнеме да се грижат за сопственото физичко и ментално здравје. Самиот почеток на иницијативата – за време на пандемијата, не принуди да ставиме фокус на креирање на едукативни содржини на социјалните мрежи. Денес, профилите на PERIOD Skopje имаат над 200 објави од едукативен карактер на разновидни теми од полето на менструално здравје, менструална сиромаштија и менструална стигма. Понатаму, преку одржување на работилниците „Менструална правда“, опфативме над 50 млади луѓе, поттикнувајќи ги да научат повеќе за овие теми и да се охрабрат да зборуваат.
Застапување
Со нашата позадина како активисти, застапувањето е столб кој го носиме со себе во секој дел од нашата работа. Броиме над 15 присуства на емисии и настани кои се со фокус на еднаквоста, женските права и менструалната сиромаштија. Допринес имавме и во изработката на Студијата за менструална сиромаштија во С. Македонија, изработена од Тиииит Инк. и Реактор. Застапуваме и се бориме за достапни, безбедни и бесплатни менструални производи во училиштата и за промена на одданочувањето на менструалните производи во нашата држава.